Тврд диск или ( hard disk) е секундарен медиум за трајно меморирање и понатамошно користење на податоци. Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетночувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Тврд диск овозможува запишување и читање на податоци со произволен
пристап. Капацитетот на складираните податоци се мери со мегабајти и
гигабајти.
Тврдиот диск е поставен во метално
куќиште (херметички затворено), во чија внатрешност се наредени повеќе
плочи, една над друга, на оска која ротира. Така поставени формираат
цилиндар. Од страната се поставени глави за читање и запис кои се
фиксни, неподвижни. Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал
дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој.
Работи на принцип на магнетен запис
на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава
за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да
се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и
сектори. Просторот меѓу две патеки и два сектори е наречен блок и содржи
512B (бајти). Процесот на поставување патеки и сектори е познат како
форматирање.
Капацитетот на еден тврд диск се цени според:
- - капацитетот или количината на бајти која може да се запише на дискот;
- - брзина на пренос односно количина (број) на бајти во една секунда, кои дискот ги испорачува на централна единица, изнесува околу 5-40МB;
- - време на пребарување запис, односно времето од моментот кога централната единица побарува запис до моментот кога започнува да се испраќа првиот бајт од дискот до централната единица. Ова време се мери во милисекунди ms (10-20)
Еден тврд диск има голема меморија и може да собере повеќе работи од
едно флопи и со многу поголема брзина.Денешниве твди дискови може да
имаат капацитет од 80 ГБ до околу 4Tb.
https://www.youtube.com/watch?v=4iaxOUYalJU
(како Работи hardick)